IMG00475-20110228-0844
IMG00952-20110620-1241
IMG00956-20110620-1245
IMG00957-20110620-1247

За нас


Ми-Мак доо е компанија основана во 1993 со идеа да креира широк спектар на решенија од тип клуч на рака.

Нудиме услуги во проектирање, надзор и изведба на ситеми за автоматизација, електромоторни погони и производни процеси, електрични инсталации,  електрично осветлување, електрични мерења,  исполнувајќи ги при тоа сите светски, меѓународни и домашни стандарди.

За вашите потреби вршиме проектирање, припрема, изведба и монтажа на целокупната опрема во зависност од посебните барања на купувачите и крајните потрошувачи. Опремата што ја вградуваме е од реномирани светски производители.

Тимот на професионалци од кој е составена нашата фирма ги поседува сите Овластувања А,Б за проектирање, надзор, изведба и ревизија од Електротехника, при тоа секогаш пратејќи ги најновите светски збиднувања и иновации од областа на електротехниката преку редовни обуки и семинари.

Нашата фирма е сертифициран KNX Партнер од KNX Асоцијацијата во Брисел за домашна и зградна автоматизација.

Со повеќе од 25 години искуство Ми-Мак зад себе има над 500 успешни проекти во областите на:

  • Изведба на ел.инсталации на објекти од А и Б катергорија
  • Изведба на системи за домашна и зградна автоматизација
  • Изведба на системи за индустриска автоматизација

Партнери

Нашата компанија развива долготрајни односи со своите партнери и клиенти. Соработката со водечки светски производители на опрема и услуги ни овозможува да ги обезбедиме најдобрите можни решенија за нашите клиенти и да го зголемиме нивниот квалитет, производен капацитет и конкурентност на пазарот. Заедно, работиме да им помогнеме на нашите клиенти да ги решат своите процесни предизвици и да го оптимизираат нивниот бизнис.


Соработката со нашите клиенти и партнери е водечки двигател на нашиот раст и успех. Нашата компанија има привилегија да работи со угледни клиенти и партнери како што се:

Siemens, Rittal, Phoenix Contact, Beckhoff, Schneider electric, Weidmuller, Wago, FATEK, Beijer electronics, Meanwell, Finder, Danfoss, Nidec Control techniques, Yaskawa, FTG Germany, ETI


Кариера

Ми-Мак секогаш бара талентирани и вредни професионалци.
Заедно работиме на подобрување на личниот и професионалниот развој, проактивниот и иновативен дух и пред се позитивната и пријателска атмосфера.
Доколку сакате да станете дел од нашиот тиме испратете кратка биографија


    ПРОЕКТИ ВО СВЕТСКИ РАМКИ

    Ми-Мак автоматизира процеси и постројки за клиенти во различни индустриски сектори во над 20 земји

    Нашата главна област на експертиза ги опфаќа индустријата, инфраструктурата и заштитата на животната средина. Со имплементирани решенија во неколку стотици објекти низ целиот свет, Ми-Мак е признат по својата посветеност кон највисоките стандарди за квалитет, ефикасност и сигурност.