УСЛУГИ
Ми-Мак испорачува комплетни решенија од областа на електротехниката, индустриска и зградна автомацизација по систем „клуч на рака“. Нашата понуда вклучува: проектирање, монтажа, дизајн, развој на софтвер, мониторинг, обука и одржување.
Изработуваме стандардизирани проекти по Вашите потреби. Обезбедуваме комплетна техничка документација и гаранција за сите проекти.
Проектираме и произведуваме електрични ормари и панели за автоматизација на сите Ваши индустриски проекти. Изработуваме софтвер и визуелизација според Вашите потреби. Обезбедуваме мониторинг на далечина за брзо и ефикасно отстранување на дефекти.
Нашиот тим се состои од висококвалификувани техничари и инженери кои брзо, ефикасно и професионално го пуштаат погонот во работа.
Обезбедуваме обука на операторите за ракување и одржување на опремата. Нашите технички лица стојат на располагање за било каков проблем или советување.