ЕЛЕКТРОТЕХНИКА

Ми-Мак обезбедува дизајн, производство, монтажа, инсталација и пуштање во работа на инсталации со висок, среден и низок напон. Нашата понуда се движи од опрема за напојување (трансформатори, агрегати и уреди за непрекинато напојување), ормари за дистрибуција на електрична енергија до MCC кабинети.
Ми-Мак е специјализиран и сертифициранза изградба на MCC кабинети. Врз основа на спецификациите на проектот или вашите барања, ние дизајнираме, произведуваме, составуваме, инсталираме и пуштаме во употреба MCC-a кои можат да се контролираат локално, визуелно, како и далечински кога се поврзани со PLC. Покрај МCC кабинетите, реализираме секаков вид на панели, и за внатрешна и за надворешна употреба.